Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на сениорската репрезентација за 46. Европско првенство кое што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска.
На приемот претседателот на КФМ Горан Милковски, кој ќе биде делегат на Изборниот Конгрес на Европската карате федерација, во име на Извршниот одбор на КФМ му се заблагодари на дирекорот Наумче Мојсовски и Агенцијата за млади и спорт за поддршката и помошта што Карате федерацијата на Македонија контуирано ја добива во изминатите години. Директорот Наумче Мојсовски истакна дека корона вирусот имаше огромно влијание на застој на спортските активности во сите спортови, но дека веќе полека спортистите се враќаат во спортските сали и борилишта а дека Агенцијата за млади и спорт и во тие услови продолжи со поддршката кон спортистите, клубовите и федерациите.
На ова Европско првенство се пријавени вкупно 513 натпреварувачи од 47 земји. Нашиот тим по категории ќе настапи во следниот состав:
Борби мажи:
1. Емил Павлов -60 кг.
2. Давид Петков -67 кг.
3. Доан Османи -75 кг.
4. Петар Спасеновски -84 кг.
5. Вегим Мурати 84+ кг.
Борби екипно мажи:
Доан Османи, Петар Спасеновски, Вегим Мурати, Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Виктор Крстевски и Емил Павлов.
Борби жени:
1. Сара Радичевска -50 кг.
2. Симона Заборска -55 кг.
3. Моника Пендаровска -61 кг.
4. Ангела Мојсовска -68 кг.
5. Симона Симовска 68+ кг
Борби екипно жени:
Симона Заборска, Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Бојана Манева.
Кати мажи:
1. Александар Неделковски
Ката жени:
1. Пулексенија Јованоска
Ката екипно мажи:
1. Давид Спасовски
2. Александар Спасовски
3. Кристијан Бајовски

