Интер потврди дека повторно ги отвори разговорите со претставниците на Лаутаро Мартинез околу новиот договор за Аргентинецот.
Напаѓачот беше важен член на шампионскиот тим на миланезите со 16 голови и девет асистенции на 37 натпревари во Лигата.
Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ја следат ситуацијата на 23-годишниот фудбалер во Интер, бидејќи клубот е во финансиски тешкотии, а разговорите за договорот се во застој.
„Газета дело Спорт“ известува дека „нероаѕурите“ сега контактирале со претставниците на Лаутаро за да ги решат актуелните проблеми. Весникот тврди дека Интер покажал желба да го задржи центарфорот и ќе се обиде да го продолжи со нов договор вреден 4,5 милиони евра плус бонуси.

