Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Марк-Андре Тер Штеген го пропушта ЕП поради операција на коленото
    Фудбал

    Марк-Андре Тер Штеген го пропушта ЕП поради операција на коленото

    risteBy riste17/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот на Барселона и германската репрезентација Марк-Андре Тер Штеген објави дека ќе го пропушти претстојното Европско првенство во фудбал.

    „Разочаран сум од вчерашниот пораз и фактот дека ги загубивме шансите за шампионската титула ( Барселона загуби од Селта со резултат 1:2). По тешкотиите на почетокот на сезоната, покажавме карактер и одигравме серија од 19 натпревари без пораз. Но, не бевме во можност да ја задржиме оваа форма. Медицинскиот персонал на клубот и јас решивме да направиме дополнителна операција на коленото. Тажен сум што ќе ми недостига Евро 2020… За прв пат по многу години, ќе бидам навивач кој ја поддржува мојата земја од дома. Се надевам дека ќе го освоиме турнирот! Исто така се надевам дека во наредната сезоната ќе можам да играм пред навивачите, навистина ми недостасуваат! Ви благодариме за поддршката во оваа тешка сезона и грижете се за себе! “ – напиша Тер Штеген на својот Инстаграм .

    Репрезентацијата на Германија во групната фаза на Евро 2020 ќе игра со Франција, Португалија и Унгарија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.