Дефанзивецот на Интер, Данило Д’Амброзио ќе го продолжи договорот со неговиот клуб, објавија неколку новинари кои ги следат состојбите во Интер.
Од Интер размислуваат да ја активираат опцијата за продолжување на договорот со 32-годишниот играч на уште една година. Тековниот договор со фудбалерот истекува на 30 јуни 2021 година. Во оваа сезона, Д’Амброзио одигра 23 натпревари за Интер, на кои постигна три гола и заработи три жолти картони. Д’Амброзио игра во Интер од 2013 година, претходно играше за Торино, Јуве Стабија и Потенца.
Да потсетиме, Интер стана шампион во сезоната 2020/2021, откако го освои 19-то Скудето во историјата. Интер ја прекина доминацијата на Јувентус на италијанската фудбалска сцена.

