Реал Мадрид веќе му дал специјална понуда на Масимилијано Алегри да го замени Зинедин Зидан на тренерската позиција во клубот, информираше „Газета дело спорт“.
Понудата на Флорентино Перез е за 2-годишен договор со опција за уште 12 месеци со плата од 10 милиони евра. Се чини дека управата на Реал Мадрид повеќе верува на искусниот Италијанец пред барањата на навивачите нов тренер да биде Раул Гонзалес, кој досега работеше само во вториот тим и нема искуство како тренер на првиот тим.
Алегри е без работа веќе две години откако заврши со обврските во Јувентус. Во неговата биографија тој освои шест титули во Италија – една со Милан и пет со Јувентус. Добра вест за Реал Мадрид е тоа што и самиот Масимилијано Алегри сака да го предводи Реал Мадрид, пренесува Фудбал Италија.
Според изворот, Алегри е подготвен да го замени Зинедин Зидан во случај на заминување од Реал Мадрид и е во контакт со мадридскиот клуб.

