Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проговори за состојбата на аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.
„Тој има некои ситни проблеми. Тој е загрижен за ногата, повредата на мускулот. Тој тоа го почувствува пред натпреварот против Њукасл. За денес не е подготвен. Се надеваме дека ќе може да игра против Евертон. Што се однесува до финалето во Лигата на шампионите, доколку Серхио е во форма, тој ќе ни помогне. Тоа е сигурно. Ако може да ни помогне да постигнуваме голови, ќе игра, но тоа е финале. Ќе треба да донесам одлука што ќе ги зголеми нашите шанси за победа“ изјави Гвардиола.
Натпреварот од 37-то коло во Премиер лигата со Брајтон, Манчестер Сити ќе го игра денес, додека натпреварот од 38.коло со Евертон ќе се одигра на 23 мај. Тимот на Манчестер Сити досега има освоено 83 поени и веќе ја обезбеди титулата. Последниот натпревар од сезоната за оваа екипа ќе биде финалето во Лигата на шампионите против Челзи коие ќе се игра на 29 мај во Порто (Португалија).

