Силекс против Тиквеш и Ренова со Охрид на 25 мај ќе борат за место во елитната фудбалска конкуренција во нашава земја за наредната сезона.
Кратовци кои беа на 9-то место во првата лига ќе излезат на мегдан со Тиквеш кој заврши како втор на Истокот во второлигашкото друштво. Баражот ќе биде одигран на Арената во Скопје. Средбата меѓу Ренова и Охрид е закажана на тренинг комплексот – „Петар Милошевски“ во Скопје. Тетовци беа 10-ти на крајот на претходната сезона во ПМФЛ додека Охрид заврши на второто место во Западната група во втората лига.
Доколку нема победник во регуларниот дел веднаш ќе се изведуваат пенали.

