Фудбалерот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум, нема намера да остане во редовите на „црвените“ откако ќе го одработи договорот во текот на летото, објави денеска весникот – „Газета дело спорт“.
Иако извесен период се шпекулира дека за него е заинтересирана екипата на Барселона, сега се појавија информации дека за неговиот потпис ќе конкурира и ПСЖ кој може да ги покрие неговите големи финансиски побарувања.
Наводно, 30-годишниот фудбалер бара договор за три-четири сезони со плата од 4 милиони евра.

