Напаѓачот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Килијан Мбапе, откако изјави дека е најскапиот фудбалер на светот, призна, дека понекогаш сака да живее со релаксирано темпо.
„Не ми се врти во главата. Таа сума не ми влегува в џеб, па затоа не размислувам за тоа. Сакам да победувам. Јас сум среќен со мојот живот кој има предности и недостатоци“- потенцирал Мбапе.
Претходно беше објавена листата на најскапите фудбалери на планетава. Мбапе се најде на првото место со цена од 189 милиони евра.

