Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Маркус Бабел, се осврна на шпекулациите дека играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчом може да направи трансфер на стадионот –„Енфилд“.
„Санчо е фудбалер кој треба да игра во Лигата на шампионите. Тој сака да игра на таков турнир. Малку екипи во Европа можат да ја платат сумата за него. Сè зависи од тоа што тој сака.Ливерпул дефинитивно сака да се врати во Лигата на шампионите. Ако не успее во сезонава, тогаш ќе успее во наредната“ – вели Бабел.
„Клоп имаше проблеми со многу повредени играчи кои се опоравија и набрзо ќе се вратат во составот. Тоа е фантастичен тим, Санчо не е слеп, тој ќе го види тоа“, – вели Бабел.

