На денешен ден, 19 мај 2002 година, пред точно 19 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија.
„Кометалки“ во преполниот СРЦ Кале славеа со 26-22 против уграскиот Херц ференцварош со што ја анулираа негативата од првиот меч во Будумпешта кога беа поразени со 27-25.
Како освојувачи на историската титула за нашиот ракомет ќе останат запишани: Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска.

