Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Управниот одбор на ФФМ одлучи: Премија од 150.000 евра за мартовските натпревари на А репрезентацијата
    Фудбал

    Управниот одбор на ФФМ одлучи: Премија од 150.000 евра за мартовските натпревари на А репрезентацијата

    risteBy riste19/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница оддржана во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за финансиски награди за репрезентативците за успешните настапи во квалификациите за Светското првенство, но најави и какви премии ќе добијат фудбалерите за евентуален успех на ЕП 2020.

    УО донесе одлука да се исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство.

    Исто така, секоја победа од групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската репрезентација. Секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе се вреднува со 150.000 евра како парична награда.

    Донесена е и одлука доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 отсто од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето.

    Повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство, пак, ќе носи премија од 1500 евра, а додатни 1500 евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската репрезентација ја помине групната фаза од ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.