Претстојното 52-ро Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак Слалом ИКАС 2021 оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација и ќе се одржи престојниот викенд.
„Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан во својот стандарден термин во перидот од 05 до 11 април 2021. Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на Ковид 19 во нашата држава во предвидениот период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме приморани да го одложиме и презакажеме натпреварот за нов термин 22 и 23 мај. Во овој момент би сакале да Ве известиме дека 52-риот Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 и официјално ќе се оддржи во новиот предвиден термин за оваа година и тоа на 22 (сабота) и 23 (недела) мај во спортско рекреативниот Центар Матка-Скопје“, велат организаторите.
Годинава на ИКАС ќе пристигнат натпреварувачи од неколкуте пријавени држави и тоа Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.

