Македонскиот селектор, Игор Ангеловски, пред новинарите денеска го објави списокот на фудбалери со кои ќе замине на ЕП, и коментираше за очекувањата од дебитантскиот настап.
„Среќен сум и горд што конечно дочекавме селектор да објавува список на играчи за ЕП. Овие момци многупати ја направија оваа земја горда и се надевам дека истото ќе се случи и на ЕП. Знаеме со каков квалитет располагаме и јас ја поставив високо целта, а тоа е дека можеме да се пласираме и во следната фаза. Ќе бдие незаборавно искуство. Се обидуваме да останеме максимално концентрирани. Да бидеме сите заедно, како што сме биле и досега. Имаме самодоверба и мисмам дека ќе дадеме се од себе да стигнеме што повисоко“, вели популарниот Мрме.

