Италијанскиот фудбалски тренер, Масимилијано Алегри, неодамна ја одбил понудата на англискиот, Тотенхем, бидејќи има желба да седне на кормилото на Реал Мадрид, објавија денеска дел од медиумите на Пиринеите.
Понудата од лондонскиот клуб била испратена веднаш по отказот на Жозе Мурињо кога претседателот на „спарси“, Даниел Леви, лично контактирал со Италијанецот.
Пред неколку дена, „Газета дело спорт“ објави дека првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, му понудил на Алегри договор за 2 години со опција за уште 12 месеци со годишна плата од 10 милиони евра.

