Весникот -„Тутомеркато“ пишува дека наскоро во Рома на Мурињо ќе му се придружи неговиот сонародник, Жозе Фонтес, кој во моментов работи како главен скаут во тимот на Лестер.
Фонтес е човекот кој во дресот на „лисиците“ донесе неколку одлични играчи како што се: Чаглар Сојунчу, Рикардо Переира и Гедиа Фофана.
Португалецот кој се гледа како еден од најдобрите скаути во светот на фудбалот, претходно работел во екипата на Боависта.

