Првиот голгетер во редовите на фудбалскиот состав Тотенхем, Хари Кејн, изјави дека сака да игра во Лигата на шампионите и воедно да го достигне нивото на Кристијано Роландо и Лионел Меси.
„Сакам да бидам најдобар. Сакам да се обидам да го достигнам нивото на Роналдо и Меси. Тоа е мојата крајна цел – да освојувам трофеи секоја сезона и да постигнувам 50, 60, 70 гола“ – вели напаѓачот на „спарси“ кој сака да направи трансфер во текот на летото.
„Мислам дека можам да останам подолг период на терените. Не реков категорично дека сакам да го променам тимот, но, мислам дека е сега вистинското време“ – потенцираше меѓу другото Кејн во последното интервју.
