Доцна синоќа на 60-годишна возраст ненадејно почина поранешниот кошаркар, Војислав Зивчевиќ – Тумба.
Неговите најсветли моменти беа во дресот на МЗТ Скопје кога во сезоната 1986-87 за прв пат го однесе тимот од Аеродром во тогашната Прва југословенска лига.
Зивчевиќ кој има освоено повеќе трофеи, во неговата кариера играше и за Работнички, Вардар, Деликатес и Никол Ферт од Гостивар.

