Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Флик: „Останаа уште некои ситници за да го објавиме договорот“
    Фудбал

    Флик: „Останаа уште некои ситници за да го објавиме договорот“

    risteBy riste21/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик ја потврди информацијата дека најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација. Тој тоа ќе го стори откако ќе ја напушти тренерската позиција во Баерн на крајот од оваа сезона.

    „Јасно е дека разговарав со Германската фудбалска асоцијација. Секој знае како се чувствувам во врска со репрезентацијата. Некои работи сепак треба да се решат. Станува збор за ситници. Доколку се поправат, можеме брзо да ги објавиме вестите. Сега, сепак, фокусот ми е на натпреварот со Аугсбург. Дали имав разочарувања во текот на сезоната? Да, две работи. Испаѓање во Купот на Германија од Холштајн Кил, како и четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Тимот го покажа својот квалитет, но за жал тоа не беше доволно. Беше големо разочарување за сите нас“, рече Флик за време на неговата прес-конференција пред неговиот последен натпревар на клупата на Баерн.

    Според „Спорт 1“, тој беше баран и од Барселона и Тотенхем, но тренерот одлучил да го наследи Јоаким Лев како селектор на Германија по Евро 2020. Неговиот договор ќе биде до 2024 година со годишна плата поголема од 5 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.