Напаѓачот Лионел Меси, со дозвола на својот тренер Роналд Куман, не тренирал со останатите играчи на Барселона и ќе го пропушти натпреварот од 38-то последно коло на Шпанското првенство со Еибар, објави прес-службата на Барселона.
Претходно стана познато дека Аргентинецот разговара за продолжувањето на кариерата со своето семејство, вклучувајќи ги и неговиот татко и еден од браќата. Тие инсистираат на преселба во ПСЖ. Спортскиот директор на францускиот клуб Леонардо внимателно ја следи ситуацијата со договорот на Меси. Напаѓачот знае дека во иднина нема да може да добива висока плата во шпанскиот клуб, бидејќи Каталонците се во тешка финансиска состојба.
Аргентинскиот напаѓач има намера да одигра уште две сезони на високо ниво до летото 2023 година, пред да се пресели во САД за да игра во МЛС. Следните две години Меси планира да ги помине во Европа: во Шпанија или во Франција.

