Ливерпул оваа сезона направи многу пропусти и имаше исклучително тешка сезона. Тоа ќе го натера менаџерот Јирген Клоп да направи играчки промени во тимот за следната сезона.
Прв кој ја напушта екипата е Џини Вајналдум на кого летово му истекува договорот. Исто така си заминува и Џердан Шаќири за кого интерес пројавува Жозе Мурињо, кој од следната сезона ќе седи на клупата на Рома.
Следната сезона си оди и Наби Кеита, кој е големо разочарување и се шпекулира дека следен клуб ќе му биде Атлетико Мадрид.
Бидејќи веќе го купи Конате од Лајпциг, Јирген Клоп ќе го врати Озан Кабак назад во Шалке. Најзвучно име кое може да го напушти „Енфилд“ е и Садио Мане. Во Ливерпул се подготвени да ги слушнат понудате за одличниот напаѓач, а сумата која ја бараат е 70 милиони евра.
Исто така доколку пристигне понуда, може да си замине и Алекс Окслејд-Чембрлен како и Минамино, кој е на позајмица во Саутемптон.

