Наполи утрово и официјално ја потврди разделбата со Џенаро Гатузо. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, ја објави одлуката да му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот.
“Почитуван Рено, драго ми е што поминавме две сезони заедно. Ви благодарам за напорите и ви посакувам успех каде и да одите”, напиша шефот на наполитанците.
Официјалната веб-страница на Наполи ја објави разделбата со Гатузо неколку минути по несреќниот натпревар со Верона во последното коло од Серија А. Натпреварот заврши 1:1 и Наполи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

