Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски може да седне на клупата на италијанскиот прволигаш Џенова.
Оваа вест ја објави новинарот Алфредо Педула од „Газета дело Спорт“. Ангеловски е едно од имињата за кои размислува клубот од „Мараси“ како замена за Давиде Балардини, кој може да си замине иако на Џенова и обезбеди опстанок во елитната конкуренција.
На Мрме договорот со националниот тим му истекува по Европското првенство што значи дека без проблеми би можел да ја преземе функцијата прв тренер во Џенова.

