Фудбалерите на Челзи се подготвуваат за финалето во Лигата на шампионите против добро познaтиот противник од Премиер-лигата, Манчестер Сити. Нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека „граѓаните“ под палката на Гвардиола играат најдобар фудбал на светов.
„Гледаме што прави Манчестер Сити предводен од нивниот тренер. Ние ќе мора да продолжиме на истиот начин со надеж дека среќата ќе биде на наша страна“ – потенцираше Тухел кој во сезонава успеа да ги победи „граѓаните“ со 1: 0 во полуфиналето на ФА купот и 2:1 во првенствен меч.
Големото финале во елитата на Европа ќе биде одиграно в сабота на стадион на Порто во Португалија.

