Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, не крие дека е презадоволен од освоената титула во најсилниот фудбалски шампионат во Шпанија. Тој најави дека нема намера да го напушти клубот.
„Сигурен сум дека ќе останам бидејќи имав одличен третман. Сопругата и децата се со мене цело време. Тие се навикнаа на новата средина иако во поечтокот им беше многу тешко“ – потенцира луцудниот голгетер.
Суарез во изминатата сезона успеа да постигне 21 гол во Примера Дивизион и беше еден од најзаслужните за освоениот шампионски пехар.

