Поголема група на навивачи на Сараево незадоволни од резултатите во шампионатото и испуштената тутула, денеска упаднала на тренингот на тимот и физички ги нападнала фудбалерите, објавија медиумите во БИХ.
– Група на навивачи во утринските часови влета на тренингот на првиот тим во Тренинг центарот Бутмир и го прекина тренингот – пишуваат локалните медиуми.
Информациите велат дека дошло до физички судир меѓу навивачи и играчите. Од клубот соопштија дека инцидентот брзо бил прекина и дека морала да реагира и полицијата.

