Фудбалерот на Лидс, Патрик Бамфорд, кој ја заврши сезоната во Англија со 17 постигнати голови, влегува во радарот на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцираат медиумите на Островот.
Корпулентниот играч може да ротира на различни позиции во нападот со што се вклопува во филозофијата на германскиот стратег кој најави дека му треба свежа крв пред голот на противникот.
Бамфорд кој има тековна соработка со Лидс до 2023 година и има трансферна вредност од 18 милиони фунти, во неколку наврати доби пофалби токуму од страна на тренерот на „црвените“ од Ливерпул.

