Денеска кај нас ќе бидат одиграни бараж-мечевите за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона.
Екипата на Силекс која неодамна го освои пехарот во Купот, ќе излезе на мегдан со Тиквеш кој беше второпласиран во источната конкуренција во второлигашкото друштво. Средбата ќе биде реализирана од 16.00 часот на Арената во Скопје.
Паралелно на тренинг центарот –Петар Милошевски во Скопје, силите ќе ги одмерат Ренова и составот на Охрид кој доби шанса да игра во баражот откако го освои второто место во Западната група кај второлигашите. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш ќе се изведуваат пенали.

