Денеска кај нас беа одиграни бараж-мечевите за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона.
Екипата на Тиквеш направи изненадување и го испрати Силекс која неодамна го освои пехарот во Купот во втората македнска фудбалска лига. Единствениот гол за победа на Тиквеш го постигна Спахиу во 54.минута со кој Тиквеш победи со 1:0. На вториот натпревар меѓу Ренова и Охрид немаше победник во регуларниот дел, мечот заврши 2:2, а по подобро изведување на пенали, Ренова обезбеди опстанок во првата лига, а Охрид следната година повторно ќе биде второлигаш.
По цели 17 години чекање, Тиквеш од следната сезона повторно ќе биде дел од фудбалската елита на Македонија, додека Силекс кој го освои купот како второлигаш ќе игра во Лига Европа.

