Трансферот на Ибрахим Конате од РБ Лајпциг во Ливерпул многу веројатно ќе се случи до крајот на неделава. Од Ливерпул се подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на играчот, што изнесува 40 милиони евра. Според последните информации, играчот веќе ја поминал првата фаза од лекарските прегледи пред трансферот да стане официјален факт, пишува „Фудбал инсајдер“.
Ливерпул сезонава имаше сериозни проблеми во одбраната по повредата на Вирџил ван Дајк. Јирген Клоп беше принуден да направи многу експерименти, а зимата дури ги привлече Дејвис и Кабак, кои сепак не ја донесоа потребната стабилност. Затоа, тренерот е решен да најде квалитетен играч кој ќе ја пополни одбраната и се фокусираше на Конате.
Интересно, 22-годишниот Французин имаше многу проблеми со повреди во текот на сезоната и одигра само 20 натпревари. Ова е токму причината зошто Ливерпул инсистираше тој да направи темелни прегледи пред да се финализира зделка за негово привлекување. Во оваа фаза, сепак, се очекува дека нема да има проблем и сè ќе се одвива без проблеми.

