Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им порача на сопствениците на клубот дека повеќе би сакал да ги насочи своите напори кон привлекување на крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо, објави „Телеграф“.
21-годишниот талент веќе долго време е во центарот на вниманието на „црвените ѓаволи“, кои го посакуваа во последните два преодни рока, но не успеаја да се договорат со Борусија Дортмунд и трансферот не успеа. Сега се очекува Манчестер Јунајтед да инвестира многу во текот на летото, со главен приоритет да привлече централен дефанзивец, крило и напаѓач. Се смета дека на „Олд Трафорд“ исто така го посакува плејмејкерот на Астон Вила, Џек Грилиш, но Солскјер е подготвен да го земе само доколку не се случи трансферот на Џејдон Санчо.
Последната информација е дека овој пат преговорите меѓу Борусија (Дортмунд) и Манчестер Јунајтед може да одат полесно. Германскиот клуб веќе е подготвен да го продаде Санчо, па дури и му ја намали цената. Значи, овој пат веројатноста за трансфер не е мала.
Санчо имаше добра сезона за Борусија Дортмунд, одигра 38 натпревари на кои постигна 16 гола и 21 асистенција.

