Македонската фудбалска репрезентација која синоќа го имаше својот собир, од денеска и официјално ќе ги започне подготовките за учеството на Европското првенство. Селекцијата предводена од Игор Ангеловски денеска ќе го одработи и првиот тренинг, закажан од 18.30 часот на теренот на ФФМ.
По премиерно обезбедениот прв настап на ЕП, сега нашите фудбалери посакуваат да продолжат да ги радуваат своите фанови и Македонија со нови успеси. Токму поради тоа амбициите се да се има успешен настап на ЕП и да се помине групата во која играме.
Нашите најдобри фудбалери во рамките на подготовките ќе одиграат и две контролни средби на 1 јуни против Словенија и на 4 јуни притив Казахстан во Скопје. На 8 јуни, репрезентацијата ќе се пресели во својата тренинг база во Букурешт каде ќе го очекува својот дебитантски настап против Австрија на 13 јуни на „Националната Арена“ во Букурешт.

