Хрватот Иван Јуриќ ќе биде назначен за тренер на италијанскиот тим Торино, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Така, по две сезони минати во Верона, каде успеа да го стабилизира тимот на средината од табелата во Серија А, Јуриќ сега ќе ги предводи „биковите“. Договорот на 44-годишниот тренер ќе биде на три сезони, а неговата плата е планирана за 2 милиони евра годишно, пишува на веб-страницата на Ди Марцио.
Иван Јуриќ ги предводеше фудбалерите на Верона од 2019 година, а во 2020/21 тимот успеа да заврши на 10-то место. Од друга страна, Торино имаше многу тешка сезона и на крајот заврши на 17-то место, успевајќи да се спаси од испаѓање.

