Легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман, изјави дека е подготвен да го преземе кормилото на англискиот состав Тотенхем.
„Ако ми се јават од Тотенхем ќе кажам дека сум заинтерсиран. Тотенхем е опција која вреди да се разгледа. Јас никогаш не помислив дека ќе ја тренирам репрезентацијата на Германија или САД. Треба да бидете секогаш отворени за нов предизвик“ – изјави поранешниот тренер на Баерн Минхен.
Прославениот напаѓач на „панцирите“ играше за Тотенхем од 1994 до 1995 година.

