Тренерот на Виљареал, Унаи Емери уште еднаш докажа дека е владетел на Лигата на Европа. Тој го освои трофејот по четврти пат во кариерата, откако во финалето против Манчестер Јунајтед ја предводеше екипата на Виљареал. Тренерот смета дека овој успех е заслужен.
„Многу сум среќен. Момчињата напорно работеа цела сезона за сопственикот и претседателот. Горди сме. Мислам дека заслуживме да победиме. Манчестер Јунајтед беше наш противник, но игравме многу рамноправно вечерва”, изјави Емери.
„Нашиот клуб веќе играше во Лигата на шампионите и ние повторно ќе уживаме во ова натпреварување. Сакав да ја освојам Лигата на Европа, но сакам да учествувам во Лигата на шампионите. Утре ќе уживаме во овој момент со нашите навивачи и нашите семејства”, додаде Емери.
„Мислам дека играчите го покажаа вистинскиот менталитет во текот на целиот турнир. Знаевме како да се бориме, да страдаме, да дадеме гол и успеавме да завршиме подобро од противникот. Пеналите не се лотарија. Треба да имате силен карактер за да постигнете гол под максимална напнатост, играчите беа фантастични“, заврши тренерот на Виљареал.

