Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го криеше големото разочарување по поразот на пенали од Виљареал во финалето од Лигата на Европа. Тренерот дури ја опиша сезоната како неуспешна, бидејќи тимот повторно не освои ниту еден трофеј.
„Тивко е во соблекувалната. Разочарувањето е големо. Но, тоа е фудбал – понекогаш еден удар или гол одлучува за сè. Треба да ја научиме оваа лекција. Да се потсетиме на тоа чувство и да се осигураме дека никогаш повеќе нема да го почувствуваме тоа”, рече Солскјер.
Запрашан дали сезоната е успешна, тој беше прецизен: „Не“.
„Не одигравме најдобро како што можевме. Мислам дека започнавме добро, но тие погодија со единствениот прецизен удар. Разочарани сме што примивме гол од статична позиција. Тие добро се бранеа. И не создадовме многу шанси. Сега не е време да покажеме со прстот и да кажеме што можевме подобро. Ако не го освоивте трофејот, тогаш не направивте сé како што треба“, рече Норвежанецот.
„Ние сме се поблизу до целта и се подобруваме. Бевме на работ на успех вечерва. Единствено што ни преостанува е да продолжиме да се развиваме и да стануваме посилни”, заклучи Солскјер.

