Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушта клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Веста официјално се очекува да биде потврдена во текот на денешниот ден.
Зидан по втор пат се разделува со Реал Мадрид. Најнапред го напушти „Сантијаго Бернабеу“ со три последователни трофеи во Лигата на шампионите, но сега го напушта тимот по една сезона без ниту еден трофеј.
Според медиумите на Апенините, Зидан многу веројатно ќе се врати во Италија за да го предводи Јувентус. Како фаворит за тренерската позиција во Реал Мадрид, медиумите го поврзуваат Антонио Конте, кој вчера се раздели со Интер, како и уште еден Италијанец – поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри.

