Интер е во контакт со тренерот на Лацио, Симоне Инзаги. Ова го објавија дел од италијанските новинари кои ги следат трансферите во Сериј А.
Претходно, „Газета дело Спорт“ објави дека клубот од Милано може да го раскине договорот со тренерот Антонио Конте во следните 48 часа. Според гласините, причината за ова може да биде финансиско прашање.
Плановите на Интер се да останат конкурентни, но да ги намалат трошоците со прилагодување на буџетот на сегашната економска криза, што не одговара на амбициите на Конте, кој не само што е најплатен тренер во Серија А, туку и инсистира на засилување на клубот преку трансфери кои би се реализирале ова лето.
Од дрига страна Инзаги,има напната врска со раководството на Лацио и договорот му истекува во јуни што значи дека ќе може да потпише со друг клуб.

