Пред почетокот на ЕП во фудбал, Македонија останува на 62-то место на ФИФА ранг-листата. Имено нашата најдобра фудбалска репрезентација за месец мај се најде на 62-то место на ФИФА листата, а тоа значи дека не сме се помрднале од ова место во однос на месец април кога бевме исто на 62-та позиција.
Ова е сосема логично и очекувано, затоа што во изминатиот период немаше репрезентативни активности.
Во месец јуни сигурно е дека ќе има поместувања затоа што на 11 јуни стартува ЕУРО 2020 на кое ќе учествува и Македонија, а секој позитивен резултат може да не искачи некоја позиција погоре.
На најновата ранг-листа првото место и натаму е резервирано за Белгија, а потоа следуваат Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска во Топ 10.
Нашите противници на ЕП се на следните места на најновата ФИФА листа. Холандија е 16-то место, Австрија е 23-та додека Украина на 24-тото место.

