Македонските фанови ќе можат да патуваат за Романија и да ја бодрат фудбалската репрезентација на ЕП без приложување на ПЦР тест и без покажување на документ за вакцинација против Кoвид -19.
Откако бројот на заразени во нашава земја се намали драстично, Романија донела одлука Македонија да биде ставена на зелената листа со што се укинува документ за ПЦР тест или доказ за вакцина.
Тоа значи дека се отворени вратите за сите наши навивачи кои ќе имаат можност да ја бодрат нашата репрезентација на средбите во Букурешт против Австрија на 13. јуни и со Украина на 17. јуни.

