Сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, проценил дека направил грешка кога му врачи отказ на Маурисио Почетино и затоа ќе се обиде да се корегира и да го врати Аргентинецот на кормилото на тимот.
Стратегот има договор со ПСЖ, но, постојат шпекулации дека може да добие отказ откако „светците“ не ја одбранија титулата во Франција и беа елиминирани во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите.
Според одредени наводи, Леви ги направил првите контакти со Почетино со намера да го убеди да се врати во Тотенхем.

