Фудбалерот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум, е на чекор да потпише за Барселона во текот на летниот преоден рок, објавија медиумите во Англија.
Наводно, неговите агенти пристигнале во Шпанија на стадионот – „Камп Ноу“ за да ги договорат сите финансиски услови пред да се реализира најавениот трансфер.
Холандскиот репрезентативец кој ќе си замине од редовите на „црвените“ како слободен играч, треба да остане кај Каталонците до 2024 година.

