Папата во Ватикан доби на подарок дрес со неговото име на кирилица од страна претседателот Пендаровски кој e во посета на Рим и „светата столица“ на одбележувањето на годишнината од сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, објави Пендаровски.

