Спортинг од Лисабон ќе биде новиот клуб на фудбалерот на Интер, Жоао Марио. Марио кој минатата сезона ја помина како позајмен во Португалија сака да остане во својата земја и нема намера да се врати во Милано.
Агентот на фудбалерот Федерико Пасторело се состанал со управата на Интер за да разговара за продажбата на играчот. Спортинг веќе му понуди 4-годишен договор на Марио и во тек се преговорите меѓу клубовите.
Сумата на трансферот се проценува околу 10 милиони евра.

