Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за големиот предизвик, Еуро 2020. Во пресрет и на првите контролни средби, денеска пред новинарите своите очекувања ги истакна нашиот репрезентативец, Стефан Спировски.
„Можам да кажам дека емаме никаков притисок и се подготвуваме мирно за ЕП. Првпат сме на ваков собир и ова голем момент за сите нас и со нетрпение го очекуваме. Немаме поголем притисок, веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата. Еуфоријата од претходните успеси е веќе минато, сега се стремиме кон нови цели. Реков, немам посебна трема, можеби само таа позитивната. Ќе одиме таму и ќе уживаме на натпреварите и ќе пробаме да оствариме што подобар резултат“, вели Спировски.

