Барселона се надева дека ќе потпише нов договор со својата суперѕвезда Лионел Меси, со кој двете страни ќе се обврзат за период од 10 години, пишува „Спорт“, кој открива детали за планот на Каталонците.
Целта на претседателот Жоан Лапорта е Меси да остане во клубот како фудбалер уште две сезони до 2022/23. Аргентинецот потоа би можел да се пресели во Интер Мајами каде сопственик е Дејвид Бекам, каде уште две сезони би бил играч на тимот од МЛС, но и амбасадор на Барселона.
На овој начин, напаѓачот би ја завршил својата фудбалска кариера во 2025 година. За тие четири години, тој би добивал бруто плата од 60 милиони евра по сезона. Оваа сума е помала од неговата сегашна, но Барселона на тој начин би му платиле иста сума дури и за време на неговиот престој во американскиот тим.
За 2025/26 година, планот е Меси да се врати во клубот и да остане таму барем до 2030/31 година. Весникот не е сигурен каква улога би имал, бидејќи можностите се стратешки партнер, што вклучув да биде глобален амбасадор и да започне нови проекти или да има позиција поврзана со спортскиот и техничкиот персонал.
За овој дел од проектот не е познато колкава ќе биде предложената плата, бидејќи Лапорта инсистира износот за тоа да биде симболичен, а бонусите да бидат поважниот дел од зделката, додека Меси сака гарантираниот износ да биде поголем. Сепак, сè уште е нејасно дали фудбалерот ќе потпише нов договор со Каталонците, бидејќи преговорите продолжуваат.

