Голманот на ракометниот клуб Охрид и повремен член на репрезентацијата, 24-годишниот Никола Даниловски бил пронајден удавен во водите на Охридското езеро, кај месноста Лагадин.
Информациите се дека на телото на Даниловски немало траги од насилство, но засега не се познати причините поради кои настанала смртта. Даниловски денеска не присуствувал на утринскиот тренинг на Охрид, бил недостапен на телефонот а трагата му се губи од вчера попладне.
Младиот перспективен голман беше на поширокиот список кај селекторите Брестовац и Лазаров. Тој потекнува од школата на скопски Металург.

