Ѕвездата на Олимпик Лион, Мемфис Депај тврди дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Капитенот на Лион според сите озборувања треба да се пресели во Барселона, откако му заврши договорот со Французите и може да оди како слободен фудбалер.
„Барса е фантастичен клуб, но има и други добри тимови. Но, како што реков, сè уште не сум одлучил. Во моментов, сакам да се фокусирам на репрезентацијата за Евро 2020“, изјави Холанѓанецот.

