Фудбалерот на Манчестер Сити Кевин де Бруин кој се повреди на вчерашниот дуел со Челзи во финалето на ЛШ и мораше да го напушти теренот за да биде пренесен во болница, утрината првпат се огласи на социјалните мрежи.
– Здраво луѓе, сега се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна скршеница на носната коска и на јагодичната коска. Засега се чувствувам добро. Уште сум разочаран поради вчерашниот натпревар, но, ќе се вратиме ние“, порача Белгиецот.
Медиумите во неговата татковина објавија дека Де Бруин ќе мора да паузира најмалку три недели и дека ќе пропушти дел од мечевите на ЕП.

