Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, ги информирал челниците на тимот дека сака да си замине од – „Паркот на принцовите“.
Аргентинецот за нешто помалку од пет месеци, успеа да ги освои Купот и Супер-купот на Франција но, беше елиминран од ЛШ и заврши на второто место во Лига 1. Според медиумите во Англија, Покетино сака да се врати во Тотенхем откако првиот човек на „спарси“, Даниел Леви, најави дека е подготвен да му понуди многу подобри услови.
Во исто време се шпекулира дека Покетино може да добие понуда и од Реал Мадрид кој се обидува да пронајде замена за Зинедин Зидан.

